| четврток, 6 декември 2018 |

Нов Зеланд ги шпионирал комуникациите во Пацификот

New_ZealandНовозеландската разузнавачка агенција извршила масовно прислушување на комуникациите на нејзините соседни земји, во реонот на Пацификот, надгледувајќи ги телефонските пораки, електронската пошта и сите телефоски разговори, пишува весникот „Њу Зиланд Хералд“.

За своите откритија, овој весник од Окланд се повикува на документите што ги зеде со себе, пред да побегне, Едвард Сноуден поранешен соработник на американската Национална агенција за безбедност (НСА).

Добинетите информации и сознанија од прислушувањето, разузнавачката агенција на Нов Зеланд потоа ги делела со другите земји-членки на групата „Пет очи“ во која се и САД, Австралија, Велика Британија и Канада.

five_eyesСпоред сознанијата на весникот, за оваа операција на шпионирање на соседните земји, била користена базата на Бирото за тајни комуникации (ГЦСБ) лоцирана на Јужниот Остров на Нов Зеланд.

Цел на прислушувањето биле пацифичките островски држави, Фиџи, Папуа Нова Гвинеја, Соломонските Острови ,Науру, Самоа, Вануату, Кирибати, Нова Каледонија, Тонга и Француска Полинезија.

B_RTva5VAAAEn3h.png largeПремиерот на Нов Зеланд Џон Ки изјави дека во извештајот што го објавува весникот „Њу Зиланд Хералд“ има грешки и неточни претпоставки, но одби да даде елаборација на своето објаснување.

Ки меѓутоа рече дека дејствувањето на новозеландската прислушна агенција ГЦСБ било во интерес на Нов Зеланд и заштитата и обезбедувањето на неговите државјани.

Едвард Сноуден, поранешен соработник на американаката НСА, во 2013 година, побегна од САД, преку Хонг Конг во Русија, каде подоцна доби и политички азил. Со себе понесе голем број доверливи и тајни податоци за дејствувањето на агенцијата и за тајната операција за надгледување и контрола на комуникациите преку телефон и интернет, што им ги даде за објавување на некои медиуми во светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top