| четврток, 6 декември 2018 |

Борко брани фантастично, му донесе нова победа на Кретеј

Екипата на Кретеј, за која настапува македонскиот репрезентативен голман Борко Ристовски, продолжува со добрите игри во францускиот шампионат.
Синоќа остварија нова победа на гостински терен против „фенерџијата“ Истрес со 30-26. Натпреварот практично беше решен уште во првото полувреме кога гостите остварија пет гола предност (14-9).
Еден од најзаслужните за третата победа во низа е Борко Ристовски, кој оствари 15 одбрани.
Во последните пет кола екипата на Кретеј не знае за пораз. Има остварено две нерешени средби и три победи и кога би се гледала табелата во овој период, Кретеј би била веднаш за гигантот ПСЖ, кој има остварено една победа повеќе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top