| четврток, 6 декември 2018 |

По Фифи, и Илма и Харис го нападнаа „Икс-фактор“

Револтирани од односот кој продукцијата на „Икс-фактор“ го имала кон нив, финалистите од првата сезона по социјалните мрежи го искажаа својот гнев. По македонскиот трансексуалец Филип Јаневски Фифи, кој во долг статус го раскажа своето лошо искуство со „Икс-фактор“, на „Фејсбук“ револтот го покажаа и босанските натпреварувачи, Илма Карахмет и Харис Чато.

Навистина ниско ниво на однесување. Мои драги луѓе, јас од срце ве молам да не се натпреварувате во новата сезона на „Х Фактор“. На никој не би му посакала да се разочара како ние, ПОРАНЕШНИТЕ учесници на „Х Фактор“. Дури сега излезе вистината на виделина и точно знаеме кој бил задолжен за бришењето на нашите видеа од Јутјуб. А што добивме за возврат, се што ни беше ветено, потона во вода. Треба да им биде срам. Жал ми е што вложивме толку труд, изостанувавме од наставата, патувавме со часови за на крајот да не добиеме ништо. И сега конечно знаеме кој е виновен за се. Мирко Вукоманивиќ и Пеѓа Ристиќ, официјалните продуценти на „Х Фактор“. Сите јавно им се заблагодаруваме. Ве сакаме луѓе – стои во објавата на Илма на нејзиниот „Фејсбук“ профил.

На продукцијата Х Фактор срдечно и заблагодарувам за бришењето на сите снимки од Јутјуб. Ако, добри пари заработивте на нас, ни ветивте ѕвезди, песни, спотови и се останато што ние никогаш не го добивме. А мислам дека сега дојде време вистината да излезе на виделина. Продукцијата Х Фактор така добро не искористи нас учесниците, што ние не сме ни свесни за тоа. Само еден пример е „турнејата“ која ни беше ветена, па на крај беше само Скопје. Од НАШАТА заработка на концертот во Скопје добивме еден мал процент од типот на 0,1%. Никогаш немам доживеано поголема гадост во животот од ова. Толку многу имам да кажам, а толку малку нерви… ФУЈ, ФУЈ, ФУЈ, ФУЈ, ФУЈ… Да даде Господ да ви изгори студиото – напиша Харис на „Фејсбук“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top