| четврток, 6 декември 2018 |

Монт Еверест е загаден со човечки измет и урина, се заканува зараза

mont everest

Ѓубрето што го оставаат зад себе планинарите што се искачуваат на Монт Еверест, а во најголема мера е од човечки измет и од урина, претставува сериозен проблем и се заканува да предизвика загадување што би можело да доведе до ширење зараза и болести, предупредуваат властите во Непал.

Повеќе од 700 планинари и нивните водичи, кои на Монт Еверест поминале речиси два месеца, оставиле зад себе голема количина измет и урина, а владата на Непал работи на тоа да ги натера планнарите на правилен начин да го складираат својот отпад, за планината да остане чиста, пишува „Хафингтон пост“.

Камперите што доаѓаат на Монт Еверест најчесто имаат шатори и основна опрема за преживување во тешки временски услови, но немаат и тоалети со себе.

– Најчесто копаат дупки во снег, кои ги користат како тоалет и тука го оставаат својот отпад, кој се собира со години – вели Анг Тшеринг, шеф на планинарското друштво во Непал.

Владата на Непал уште не пронашла начин како да се бори со овој проблем. Мината година донесе нови закони со кои се пропишува секој планинар да се врати во базениот камп со осум килограми ѓубре. Ако не се придржуваат на овие правила, тогаш го губат депозитот во банка, кој изнесува четири илјади долари.

Од 1953 година на највисокиот врв на светот се качиле 4.000 луѓе. Пионер беше Едмунд Хилари од Нов Зеланд, а многумина загинаа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top