Американскиот амбасадор во Јужна Кореја , 42-годишниот Марк Липерт, е нападнат во центарот на Сеул, додека присуствувал на работен појадок на форум што се одржувал во главниот јужнокорејски град, јави „Ројтерс“.
Засега непознат маж го нападнал амбасадорот со остар предмет и му направил неколку рани на лицето. Липерт бил одвезен в болница облеан во крв, а од Белата куќа објавија дека неговите повреди не се опасни по живот. Јужнокорејската полиција сè уште ги истражува причините за нападот. Засега никој не открива повеќе детали за идентитетот на напаѓачот и за неговите мотиви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


