| четврток, 6 декември 2018 |

Нови снимки од убиството на Борис Немцов, идентификувани неколку осомничени

Nemcov1_783317S1Руската полиција обезбедила нови снимки од убијците на политичарот Борис Немцов, кои би можеле да бидат пресудни во фаќањето на егзекуторот на еден од најголемите критичари на Путин. Сајтот „Спутник“ објавува дека извршителите, најверојатно, се лица од јужните региони на Русија. ТВ „Рен“ уште претходно објави дека истражните органи го пронашле автомобилот со кој побегнале убијците. Наводно, станува збор за „шевролет ланос“. Пронаоѓањето на автомобилот било повод полицијата да ги пребара надзорните камери, а во истрагата помагаат и граѓани, кои отстапиле снимки од сопствените автомобили. Така, до полицијата стигнала снимка на која јасно се гледа местото на убиство три минути по пукотницата. На таа локација се наоѓа бел автомобил и две лица покрај него.

Шефот на руската служба за безбедност Александар Бортников изјави дека во текот на истрагата за убиството на опозицискиот политичар биле идентификувани неколку осомничени.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top