Четврток ќе биде врнежлив ден. Според Метеопро локално, во јужната половина од земјата, попладне врнежите ќе бидат со пороен карактер. На планините над 1500 метри врнежите ќе бидат од снег. Навечер висинската грница на снежните врнежи ќе се намалува, со што ќе се создадат услови за врнежи од снег и на повисоките неселени места, особено во северната половина од земјата.
Во текот на денот ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Во текот на вечерта ветерот ќе ја намали значително брзината и ќе го промени правецот во северен.
Минималната температура ќе има вредност околу 4°С низ поголем дел од населените места. На повисоките места минималната температура ќе се ќе има вредност околу -1°С.
Максималната температура во поголемите населени ќе има вредност малку под 10°С. На повисоките места таа ќе има вредност околу 3°С.
Во скопската котлина очекуваме облачно и врнежливо време. Во текот на вечерта планините околу скопската котлина очекуваат снег. Во текот на денот ќе дува умерен, повремено и засилен ветер. Минималната температура ќе има вредност околу 3°С. Максималната температура ќе има вредност околу 7°С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



