| четврток, 6 декември 2018 |

За една година бројот на илегални имигранти во ЕУ зголемен трипати

имигранти

Бројот на илегалните имигранти кои влегле во земјите од ЕУ се зголемил речиси трипати во текот на минатата година во споредба со 2013 година, соопшти денеска европската агенција за мониторинг на границите Фронтекс, чие седиште се наоѓа во Варшава.

– Околу 274.000 илегални имигранти влегле во ЕУ во 2014 година во споредба со нешто над 100.000 во 2013 година. Тоа е огромно зголемување од речиси 180 отсто. Сиријците и натаму се најмногубројни на границите и ние знаеме зошто тие бегаат – истакна Ева Монкјур, портпарол на Фронтекс.

Според неа, некои од причините за ваквото загрижувачко зголемување е „драматичната ситуација“ во Сирија, Еритреја, Јужен Судан, ДР Конго, Ирак и Либија.

Според тримесечниот извештај, објавен на интернет страницата на Фронтекс, од октомври 2013 до септември 2014 година, во земјите од ЕУ илегално влегле 230.000 имигранти, од кои 190 илјади по морски пат.

Вкупно 164 илјади побарале азил во Унијата во третото тримесечие од 2014 година, што претставува раст од 69 отсто за една година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top