Соработката на американското Федерално истражно биро и Бугарија во борбата против тероризмот, сајбер нападите и организираниот криминал, беа главни теми на разговорите на директорот на ФБИ, Џејмс Коми со неговите бугарски домаќини, соопшти денеска Амбасадата на САД во Софија.
Како што јави БТА, Коми, кој престојува во посета на Бугарија, се сретнал со бугарскиот премиер Бојко Борисов, со главниот јавен обвинител Сотир Цацаров и со директорот на Државната агенција за национална безбедност (ДАНС), Владимир Писанчев.
Во соопштението на Амбасадата се посочува дека во разговорите Коми ги пофалил неодамнешните заеднички американско-бугарски акции против кибер нападите и организираниот криминал и ја нагласил поддршката на ФБИ за реформите во судскиот систем во Бугарија, за зајакнување на владеењето на правото и за деполитизација на државните институции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



