Пред четири години училиштата и дневниот престој во западен Вашингтон се подложија на еден експеримент. Премногу деца во државата не беа вакцинарни и заштитени заштитени против сипаници, црна кашлица и други болести кои можат да бидат спречени. Службени лица од јавното здравство веруваат дека дел од проблемот е што на родителите им недостига точна медицинска информација и погрешно веруваат дека вакцините не се неопходни.
Затоа им беше обезбедена помош – посебно од други родители кои биле обучени од работници во јавното здравство за да одговорат на општи прашања во врска со ризиците и користа од вакцините. Вооружени со тоа знаење и поткрепени со мали стипендии, овие застапници излегоа да ги образуваат другите родители. Многу од обучените родители го користат фејсбук за да ја шират речта за користа од вакцините, други направија тезги за информации во училиштата и на настаните во заедниците. „Во текот на три години, работевме на 21 локација вклучувајќи основни училишта, установи за детска грижа и забавишта“, вели Мекензи Мелтон, координатор за имунизација во ВитнРич, НГО која помага да се организира програмата.
Во САД тие се само едни од последните обиди да се претстават нови методи за да се привлечат што повеќе родители да ги следат препораките за вакцинирање во детството. Поголемиот дел од родителите во САД – или 83 проценти – ги вакцинирале своите деца според препорачаниот распоред, но јазот во целосното вакцинирање помогна да се предизвика епидемија од сипаници во повеќе држави која ја зафати САД минатата година. Проширувањето на болеста само истакна колку малку истражувачите знаат за начините да се зголеми стапката на вакцинации во американските заедници. Scientificamerican итервјуираше девет експерти кои проучувале или експериментирале со начините да се убедат родителите да ги вакцинираат децата, и ја анализирале достапната литература за која други се изјасниле. Сликата која е создадена го потврдува јазот во познавањето на јавното здравство и стратегијата кога станува збор да се натераат родителте кои се премислуваат да ги прифатат препораките за вакцинација на нивните деца. Ова исто така открива дека меката точка каде треба да се интервенира се родителите кои се премислуваат, а не оние кои веќе цврсто се одлучиле против вакцинациите.
Што функционира?
Всушност, во случајот со програмата за образување на родители од родители во државата Вашингтон истражувачите не очекуваат родителите кои даваат отпор за вакцинирање да го сменат ставот – надежта е да се информираат оние родители кои сеуште не се одлучиле. Поддржувачите на програмата сеуште анализираат дали ги постигнале краткорочните цели за подигнување на јавната свест и досегање до сатвовите на родителите. Секако убедувањето на што повеќе родители во заедниците со најниско ниво на вакцинирање да ја прифатат имунизацијата најверојатно ќе ги намалат епидемиите, затоа што излегува дека толку многу родители кои се спротивставуваат на вакцинациите живеат во мали заедници.
Регрутирањето на членови од заедниците да станат лидери во поддршката за вакцинации е уникатно во Северна Америка, но е вообичаено за УНИЦЕФ кое го прави истото со своите партнери во земјите во развој, забележува Бенџамин Хиклер, специјалист за комуникации за развој во организацијата. „Без разлика дали се работи за доењето, вакцинациите или за санитации, користиме мрежи од засегнати и овој вид на пристап во заедниците е многу ефикасен“.
Сепак во земји како САД, каде вакцините се насекаде достапни, науката изглед дека е поуспешна во известувањето на истражувачите што не финкцинира, наместо што функционира. Една студија од 2014 година од истражувачите од колеџот Дартмаут, на пример, всушност открива дека повторувани пораки за вакцинации од агенциите за јавно здравје можат да бидат котрапродуктивни со создавање на поголем отпор за имунизацијата помеѓу оние кои имаат цврсти антивакцинациски став. „Ова е област каде науката за вакцинациите е далеку понапред од праќањето пораки и нивниот досег“, вели Брендан Нијхан, професор на Дармаут и автор на таа студија.
Еден познат начин да се подобри стапката на вакцинации е државите да форсираат усогласување. Мисисипи не дозволува родителите да ги изземат своите децата да примат вакцини заради лични причини, и оваа држава има највисока стапки на вакцинаци во целата земја. Но елминирањето на исклучоците од лични прични често е политички некомпатибилно. Дваесет држави во моментов дозволуваат изземање од вакцинации заради лични, морални или други верувања, велат од Националната конференција за државни легислативи.
Парите зборуваат
Но можеби е се уште можно да се постигне висока стапка на вакцинации и да се задржат личните изземања. Во Австралија, родителите исто така можат да изберат да не ги вакцинираат своите деца, но вакцинацијата од сипаници за едногодишни деца нзнесува 94 проценти, стои во податоците од Светската здравствена организација. (Во САД покриеноста на вакцинациациите од сипаници на иста возраст изнесува 91 проценти). Каде е разликата? Еден од факторите е можеби тоа што австралиската влада обезбедува финансиско мотивирање за родителите да ги вакцинираат децата, посебно во форма на даночни повластици. И лекарите исто примаат мали финансиски мотивации кога децата ќе бидат вакциирани на време. Родителите сеуште можат да изберат да се откажат од вакцинации и да добијат даночни олеснувања, но нивините лекари мораат да потпишат формулар за изземање (кои некои одбиваат да го сторат).
Караницата да се добие тоа изземање, „стреми да ги исклучи оние кои се нерешителни од редот на уште длабоко вровените приврезници за невакцинацијата“, вели Џули Лиск, професор по јавно здравје на Универзитетот во Сиднеј. Таа верува дека оваа политика е главен двигател во помошта децата да бидат вакцинирани. Во Велика Британија, каде стапката на вакциинрани деца од сипаници изнесува 95 проценти, исто воведе свој финанциска мотивација. Таму на лекарите во клиниките им се плаќаат мали средства од фондовите за покривање на имунзиацијата за децата.
Сепак истражувачите допрва ќе треба да утврдат дали финаисиските мотивации дефинитивно ја зголемуваат стапката на имунизација. И иако нештата во политиката во Велика Британија излегува дека функционираат во таа средина „се си има своја цена“, вели Дениел Салмон, заменик директор во Институтот за безбедност на вакцините при Универзитетот Џон Хопкинс. Критичарите можат да тврдат дека клиничките лекари имаат фиансиска мотивација за да вакцинираат, па затоа и не се медицински објективни.
Нови стратегии
Некои научници се уште истражуваат пристапи кои можат да ги засенат овие критики. Гречен Чепмен, професор по психологија на Универзитетот Рутгерс проучува што може да ги натера луѓето да примат сезонска вакцина против грип. Нејзиното истражување открива дека ефикасен начин да се постигне тоа на потешок начин е да се отстапи од тоа да се прими вакцина, отколку да се прифати. Во студијата таа открила дека повеќе индивидуи би прифатиле вакцинирање против грип ако примат порака во која стои дека е веќе е потврден терминот за вакцинирање (заедно со информацијата како да го откажете), наместо да им кажувате како да закажат.
Излегува дека истата стандардна логика функционира и за имунизација на децата. Истражување од 2013 кое го обави Педијатрикс открива дека кога на родителите ќе им се каже дека нивните деца ќе примат вакцина на закажаниот термин наместо да бидат прашани која вакцина би избрале нивните деца да ја примат, повеќе деца ги примаат препорачаните вакцини. Всушност, одлуките за примање на вакцина како избор наместо веќе донесен избор ги зголемува шансите родителите да ја одбијат препорачаната доза за скоро 18 пати, вели авторот на студијата Даглас Опел, професор по педијатрија на Универзитетот во Вашингтон. Тоа се случило дури и кога неговиот тим земал во предвид дали родителите е познато дека биле подготвени за вакцини и следени за тоа, ако родителите и лекарите одамна се познаваат.
Наместо легислативата да биде земена предвид, една заедница се обидува во поедноставен пристап кој се потпира на интернетот, кој е уште еден врвен извор за информации кои ги користат родителите. Во Ешленд, Орегон, каде стапката на изземање од вакцинација минатата година изнесувала скоро 30 проценти и се искачила до 66 проценти во едно приватно училиште (што зачи дека 66 проценти од децата одложиле или одбиле бареме една препорачана вакцина), работниците во јавното здравство и членовите на заедницата направиле веб страна (Ashlandchild.org) на која во детали се претставени ризиците и користа од вакцините. Оваа веб страна воглавно ги менува едукативните извори на заедницата и проектите во подучувањето родител-на-родител кои градот ги изведува веќе со години. „Имаме чувство дека не сме постигнале многу. Можеби не сме го сфатиле вистинскиот начин да пробиеме, туку чувствуваме како нашите енерегии ќе бидат подобро претставени ако се обидеме да го направиме ова преку интернет“, вели Џим Шејмс, медицински директор во Службата за јавно здравје во Областа Џексон во Орегон.
Информациите кои доаѓаат од веб страната можатда бидат ефикасни, но науката можеби е појасна во едно нешто: Во САД важно е она што се случува во ординациите на лекарите. Оние кои обезбедуваат здравствена грижа се едни од најважните извори на информации во одлучувањата за вакциинирање на децата, вели анкета направена со родители. За баксуз, лекарите немаат јасно сценарио што да кажат. Родителите кои се спротивставуваат нивните деца да примат вацини не се сите исти, ниту па ги има многу на број. Отпорот за вакцинации вообичаено се сведува на страв од долгорочни штети за нивните деца или болка, ако на децата им се дават премногу вакцини.
Салмон, исражувачот од Џон Хопкинс, се надева дека ќе привлече повеќе луѓе во кампусот во користа на вакцинирањето со рано започнување на такви разговори помеѓу здравствените работниците и роодиелите – дури и пред бебето да се роди. Минатиот ноември, тој и неговите колеги започнаа петгодишна повеќемилионска студија со бремени жени. „Се фокусиране на акушерите и на бремените жени.
Мислам дека целењето на бремение жени е навистина добра идеја – посебно кај оние кои за првпат ќе станат мајки, затоа што можеби тие се уште не се одлучиле“, вели тој. При презентациите на таблет компјутери, жените пополнуваат анкета со демографски информации и ги откриваат своите ставови, а потоа им се прикажуваат наменски видеа и пораки (на пример, латино жена ќе погледа видео со латино жена која и зборува за нејзината безбедност и важноста од детео да биде вакцинирано).
Генерација на отпори
Потребата за нови стратегии за да се зголеми стапката на вакцинанции можеби не е изненадување со оглед на сегашната генерација на родители кои можеби и не ги виделе од прва рака опасностите од сипаниците и други денес спречливи болести. И без лично да ги познаваат овие болести, родителите можеби повеќе се потпираат на слаби информации, посебно кога наенски се пренесени преку социјалните медиуми или од привлечни веб страни. „Станува многу тешко, посебно заради тоа колку успешни станаа веб страните против вакцинациите, за да се разликува помеѓу глобалниот научен консензус од експерти и оние веб страни каде од бројни причини отварањето на прашања за таквата експертиза ја сведуваат на конспирација со големите фармацевтски компании, или пак со тврдењето дека е ова заради слободата наспроти државата“, вели Хиклер.
Модифицирањето на овие веб страни за да се помогне расчистувањето со овие погрешни информации е следниот приод кој може да биде почетна точка за САД, вели тој. Во Австралија, на пример, владата користи закони за заштита на потрошувачите и успеала да смени барем една анти-вакцинациска мрежа да го смени името на својата веб страна, и појасно да ги истакне своите позиции за вакцинирањето за родителите да знаат што добиваат. Таквиот пристап може да биде балансот кој нема „да врши притисок врз индивидуалните права, туку ќе им помогне на родителите кои се спротивставуваат на вакцинирањето таму да ги кажуваат своите спортивставени мислења“, вели тој.
Експертите се согласуваат за барем еден долгоречен пристап: денешните деца мора да влезат во програмата за вакцинирање. Кога еднаш ќе научат за безбедноста и важноста од имунизацијата во детството, тогаш антивакцинацијата можеби и нема да бидо голем проблем кога и самите ќе имаат свои деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.