Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје сообраќајната полиција изврши увид на вкупно 10 сообраќајни незгоди.
Од нив, четири се со последица материјална штета и пет се со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, двајца сопатници, еден пешак и еден велосипедист.
Случена е и една сообраќајна незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден пешак.
Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција се откриени и санкционирани 30 возачи, кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, 11 возачи што го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, како и 23 пешаци што поминале надвор од обележан пешачки премин или поминале на црвено на семафорот за пешаци, од нив на 19 пешаци покрај поканата за наплата на глоба издадена им е и покана за сообраќајна поука.
Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција се отстранети 55 возила што го спречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни работилници во ОУ „Никола Вапцаров“, кое се наоѓа на територијата на општина Чаир со учениците од второ одделение.
За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постојната сообраќајна регулатива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.