| четврток, 6 декември 2018 |

Дрвена или пластична даска за сецкање?

Прашајте било кој готвач, која е најважната алатка во кујната и тој најверојатно ќе ви одговори дека тоа е добар кујнски нож. Но, повеќето луѓе забораваат на даската за сечење.

Иако многумина мислат дека пластичните плочи полесно се чистат, па од таму и автоматски се побезбедни од дрвените, тоа не е така. Истражувањата покажаа дека гледајќи на долг рок, дрвото всушност може да биде похигиенско и поздраво за користење.

Лошо исчистените даски се опасни поради бактерии како ешерихија коли и салмонела. Истражувањето на Универзитетот од Калифорнија покажува дека помалку бактерии се наоѓаат на пластичните даски, а на дрвените бактериите се впиле во материјалот, но на крај изумреле и не се размножиле.

Спротивно на ова, бактериите на пластичните даски живееле подолго и ако не биле добро исчистени, поминале кај ножот за понатамошна употреба. Затоа, може да се заклучи дека новите пластични даски без оштетувања се добри, но оние старите се полоши од дрвените, покажува истражувањето на Универзитетот од Калифорнија.

Еден од советите за дрвени даски е да одберете од јавор или од бука, бидејќи овие дрва се најотпорни на вдлабнатини од нож, па подолго ќе траат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top