Педесети пет годишниот Живко А, во судница на Основниот суд во Велес, ја признал вината и рекол дека не сторил ништо со намера. Тој е осуден на условна затворска казна од една година и во наредните три години не смее да стори друго кривично дело. Заповедникот на одделението на затворот од Тетово во Велес беше обвинет за несовесно работење во службата по сексуалното злоставување на малолетникот што се случи лани, на 19 мај-информира „Дума“.
Обвинетиот бил информиран на телефон за силувањето на момчето кое издржува воспитна мерка но не го пријавил случајот кај претпоставените и надлежните органи. Живко А раководел со внатрешното и надворешно обезбедување на воспитно поправниот дом во Велес. Кривичното дело за кое се товари пропишува казна затвор во времетраење од 6 месеци до 5 години.
Сексуалното злоставување на момчето, во самица, од страна на други четворица малолетници кои исто така издржувале воспитна мерка го откри Народниот правобранител во информација за медиум. Тоа се случи по еден месец од силувањето. Инаку злоставеното момче пријавило кај надлежните но не било однесено на лекар туку инцидентот бил заведен само во книгата за дневни настани во затворот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст