| четврток, 6 декември 2018 |

Пе­тар Ѓо­шев: „Оска­ри­те“ тре­ба да се пре­не­су­ва­ат со титл

Се­ко­ја те­ле­ви­зи­ја што ги отку­пи­ла пра­ва­та за пре­не­су­ва­ње на „Оска­ри­те“ го до­би­ва це­ло­то сце­на­рио за на­ста­нот пред вре­ме, што зна­чи де­ка са­мо тре­ба да го пре­ве­де и да ста­ви титл, сме­та во­ди­те­лот Пе­тар Ѓо­шев, кој ве­ли де­ка не би се од­лу­чил по­втор­но да го за­зе­ме ко­мен­та­тор­ско­то ме­сто за вре­ме на це­ре­мо­ни­ја­та

securedownload

Ма­ке­дон­ски­от во­ди­тел Пе­тар Ѓо­шев ка­ко ко­мен­та­тор на до­де­лу­ва­ње­то на на­гра­ди­те на Аме­ри­кан­ска­та филм­ска ака­де­ми­ја се нај­де са­мо ед­наш, но слу­ша­те­ли­те на не­го­ва­та ра­ди­о­е­ми­си­ја „Пе­тар за по­ја­док и па­у­за“ зна­ат де­ка ток­му од не­го се­ко­гаш мо­жат да оче­ку­ва­ат из­др­жа­на кри­ти­ка ка­ко од го­лем љу­би­тел на фил­мот.

Ка­ко се под­го­тву­ваш за сле­де­ње на це­ре­мо­ни­ја­та на до­де­лу­ва­ње на „Оска­ри­те?

Ѓо­шев: Имам ед­на ма­ла тра­ди­ци­ја се­ко­ја го­ди­на отка­ко ќе би­дат об­ја­ве­ни но­ми­на­ци­и­те, што се слу­чу­ва во ја­ну­а­ри, до­де­ка да се слу­чи са­ма­та ма­ни­фе­ста­ци­ја на до­де­лу­ва­ње­то на на­гра­ди­те да ги гле­дам си­те но­ми­ни­ра­ни фил­мо­ви. Се­ка­ко де­ка по­го­ле­ми­от дел од нив сум ги гле­дал во те­кот на го­ди­на­та ко­га се при­ка­жу­ва­ле, но дел од про­мо­тив­на­та кам­па­ња на фил­мо­ви­те што се пре­тен­ден­ти за го­ле­ма­та на­гра­да е да има­ат пре­ми­е­ра баш во тој пер­и­од пред да ги об­ја­ват но­ми­на­ци­и­те. Та­ка го­ле­ми­те сту­ди­ја се на­де­ва­ат де­ка чле­но­ви­те на Ака­де­ми­ја­та ќе го да­дат гла­сот за нив до­де­ка уште е свеж впе­ча­то­кот за фил­мот. Тоа го пра­вам и за­ра­ди лич­на за­ба­ва, но и за­ра­ди тоа што сме­там де­ка мо­и­те слу­ша­те­ли оче­ку­ва­ат да имам не­ка­кво мис­ле­ње за си­те слу­чу­ва­ња во попкул­ту­ра­та, па та­ка и за хо­ли­вуд­ски­те фил­мо­ви кои пре­тен­ди­ра­ат да до­би­јат Оскар.

Preparations for 87th Academy Awards

Ка­ко би ја ко­мен­ти­рал ово­го­диш­на­та це­ре­мо­ни­ја (пре­ов­ла­ду­ваа но­ви ли­ца, ги не­ма­ше веч­ни­те го­сти, ка­ко Џек Ни­кол­сон, Џорџ Клу­ниБред Пит и сл., во­де­ње­то на Нил Па­трик Ха­рис, Џон Тра­вол­та…)?

Ѓо­шев: Ово­го­диш­но­то до­де­лу­ва­ње на Оска­ри­те не бе­ше ед­но од нај­воз­буд­ли­ви­те, пред сѐ по­ра­ди тоа што сме­там де­ка не­ма­ше сил­на кон­ку­рен­ци­ја на од­лич­ни фил­мо­ви. Си­те беа не­ка­ко мла­ки. Аван­гард­но­ста бе­ше изра­зе­на са­мо пре­ку одре­де­ни но­ви фор­ма­ти за пра­ве­ње филм, но ни­што по­ве­ќе од тоа. Еден од глав­ни­те пре­тен­ден­ти „Мом­чеш­тво“ бе­ше впе­чат­лив са­мо по­ра­ди тоа што е сни­ман 12 го­ди­ни, фил­мот ина­ку е иск­лу­чи­тел­но до­са­ден. Сѐ уште не знам зо­што „Брд­мен“ до­би Оскар, ве­ро­јат­но по­ра­ди тоа што чле­но­ви­те на Ака­де­ми­ја­та са­ка­ат да гла­са­ат за фил­мо­ви што збо­ру­ва­ат за нив, за тоа кол­ку им е те­шко… мис­лам де­ка го изг­ла­саа од со­жа­лу­ва­ње.

Не мис­лам де­ка ги за­бо­ра­ва­ат ста­ри­те вол­ци, са­мо што тие што ги спом­ну­ваш не сни­маа фил­мо­ви оваа го­ди­на. За­тоа, пак, Клинт Ис­твуд и не­го­ви­от филм „Аме­ри­кан­ски снај­пе­рист“ беа нај­го­ле­ми­те ѕвез­ди. Оска­р за нај­до­бар филм до­де­ли Шон Пен, а на Џон Тра­вол­та му да­доа шан­са да се иску­пи за глу­по­ста со име­то на Ин­ди­ла Мен­зел од ми­на­та­та го­ди­на.

87th Academy Awards - Arrivals

На Нил Па­трик Хе­рис ка­ко да не му бе­ше удоб­но во уло­га­та на во­ди­тел, не е тоа не­го­ва сре­ди­на, кол­ку и да е та­лен­ти­ран ка­ко актер. Исто та­ка, те­шко е да би­деш до­бар по спе­кта­ку­лар­на­та Елен Де Џе­не­рес и да ги по­пол­ниш неј­зи­ни­те чев­ли.

Кол­ку се пред­вид­ли­ви на­гра­ди­те?

Ѓо­шев: При­лич­но. Чле­но­ви­те на Ака­де­ми­ја­та се и чле­но­ви на уште не­кол­ку дру­ги здру­же­ни­ја на умет­ни­ци кои има­ат до­де­лу­ва­ња на свои на­гра­ди пред Оска­ри­те – здру­же­ни­ја на ре­жи­се­ри, акте­ри, но­ви­на­ри. Ако ги пог­лед­не­те нив­ни­те на­гра­ди из­ми­на­ти­те го­ди­ни и ги спо­ре­ди­те со Оска­ри­те“, ќе ви­ди­те де­ка са­мо два­па­ти, на при­мер, на­гра­да­та за нај­до­бар филм на Здру­же­ни­е­то на ре­жи­се­ри се раз­ли­ку­ва­ла од „Оска­рот“ за нај­до­бар филм. Оваа го­ди­на исто­то тоа здру­же­ние не­кол­ку не­де­ли пред Оска­ри­те го на­гра­ди фил­мот „Брд­мен“ за нај­до­бар филм, а ре­жи­се­рот Але­хан­дро Гон­за­лес Ина­ри­ту за нај­до­бар ре­жи­сер. Тол­ку од из­не­на­ду­ва­ња­та на Оска­ри­те!

 87th Academy Awards - Press Room

 Би са­кал ли по­втор­но да би­деш на ко­мен­та­тор­ско­то ме­сто и дел од пре­но­сот во Ма­ке­до­ни­ја. Што би сме­нил најм­но­гу ко­га ста­ну­ва збор за пре­но­сот?

Ѓо­шев: Не. Тоа ба­ра под­го­то­вка од не­кол­ку ме­се­ци, ба­рем та­ка се под­го­тву­вав ми­на­ти­от пат. А ба­ра и стру­чен тех­нич­ки тим од стра­на на те­ле­ви­зи­ја­та кој ќе го из­ве­де тоа ка­ко што тре­ба. Та­ка што, не би се впу­штал во та­ков ег­зи­би­ци­о­ни­зам по­втор­но. Пре­но­сот тре­ба да оди со пре­вод, ка­ко што оваа го­ди­на го гле­дав на ед­на од хо­ланд­ски­те те­ле­ви­зии. Се­ко­ја те­ле­ви­зи­ја што ги отку­пи­ла пра­ва­та го до­би­ва це­ло­то сце­на­рио за на­ста­нот пред вре­ме, што зна­чи де­ка са­мо тре­ба да го пре­ве­де и да ста­ви титл, и тоа е тоа. Те­ле­ви­зи­ја­та мо­же да на­пра­ви спе­ци­јал­но шоу пред по­че­то­кот на на­ста­нот за да ги под­го­тви гле­да­чи­те за тоа што ќе гле­да­ат и кои се фа­во­ри­ти­те.

Кој, спо­ред те­бе, би бил од­ли­чен до­ма­ќин на „Оска­ри­те“ след­на­та го­ди­на?

Ѓо­шев: Сме­там де­ка след­на­та го­ди­на по­втор­но тре­ба да би­де же­на. По кри­ти­ки­те за не­ед­на­ква за­ста­пе­ност на рас­и­те, сме­там де­ка ќе би­де од Ла­тин­ска Аме­ри­ка. Со­фи­ја Вер­га­ра, на при­мер.

87th Academy Awards - Press Room

На­гра­ди­те на Аме­ри­кан­ска­та филм­ска ака­де­ми­ја се­ко­гаш се ко­ри­стат за ис­пра­ќа­ње по­ра­ка, се це­ли кон ед­на­квост на рас­ите, се­ксу­ал­на ори­ен­та­ци­ја, ре­ли­ги­ја, кри­ти­ка кон по­ли­ти­ка­та на САД… кол­ку кај нас јав­ни­те лич­ност има­ат сво­е мис­ле­ње или кол­ку го иска­жу­ва­ат?

Ѓо­шев: Па­три­ша Ар­кет во сво­јот го­вор ис­пра­ти сил­на по­ра­ка за фе­де­ра­лен за­кон со кој ќе се изед­на­чат пла­ти­те на ма­жи­те и на же­ни­те во филм­ска­та ин­ду­стри­ја. Гре­ам Мур, сце­на­ри­стот на „Игра на ими­ти­ра­ње“, во сво­јот го­вор ис­пра­ти под­др­шка до хо­мо­се­ксу­ал­ци­те низ све­тот да ве­ру­ва­ат во се­бе и да го са­ка­ат сво­јот жи­вот, кол­ку дру­ги­те око­лу нив и да не се сог­ла­су­ва­ат со тоа. Ре­жи­се­рот Але­хан­дро Гон­за­лес во го­во­рот ги поз­дра­ви ме­кси­кан­ски­те ими­гран­ти и им по­ра­ча да ве­ру­ва­ат во сво­јот сон…

87th Academy Awards - Arrivals

 Ќе ге­не­ра­ли­зи­рам, но ре­тко кој од на­ши­те јав­ни лич­но­сти има став кој при тоа е под­го­твен да го ка­же јав­но. Иде­о­ло­ги­ја ко­ја ја за­ста­пу­ва и за ко­ја е под­го­твен да се бо­ри. Че­сто тие ста­во­ви им се фа­бри­ку­ва­ни од по­ли­тич­ки­те пар­тии кои ги за­ста­пу­ва­ат и во јав­но­ста пре­не­су­ва­ат по­ра­ка ко­ја им е ин­стру­и­ра­на. За­бо­ра­ва­ат де­ка јав­на­та ра­бо­та но­си и јав­на од­го­вор­ност, ко­ја по­драз­би­ра кре­и­ра­ње јав­но мис­ле­ње. Се­кој има свои лич­ни при­чи­ни да се иск­лу­чи од де­ба­ти­те во јав­ни­от ди­скурс, но за­тоа и се со­о­чу­ва­ме со пле­ја­да без­лич­ни и до­сад­ни лу­ѓе во јав­ни­от про­стор кои ре­тко зна­ат да збо­ру­ва­ат за ко­ја би­ло те­ма над­вор од пра­ша­ња­та за про­фе­си­о­нал­ни­от ан­гаж­ман. Мое го­ле­мо по­чи­ту­ва­ње, од дру­га стра­на, за тие што не се дел од тоа мно­жес­тво. Тие, пак, се че­сти го­сти во мо­ја­та еми­си­ја Пе­тар за по­ја­док и па­у­за.

Пишува: Maрина Костовска

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top