
Министерот Зоран Ставрески вчера одржа прес-конференција и самиот кажа дека автентичноста на разговорите ќе се докажува во една судска постапка така што не би имал што да додадам надвор од тоа, изјави денеска премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање како ги коментира разговори меѓу вицепремиерот и министерката Гордана Јанкулоска, кои беа објавени вчера.
– Ние долги години сме соработници и одлично се познаваме. Многу работи сме ги разрешиле заедно, низ многу дијалог и дебати и сме доаѓале до најдобро решение, преку многу разговор. Tака што, немаме таков проблем, како што мислите дека имаме, за да се погледнеме и да соработуваме – истакна Груевски.
Заеднички, додаде Груевски, направивме многу дела и проекти и правиме и градиме патишта, автопатишта, реконструкции и градба на нови болници, театри, отворање нови фабрики.
– Овозможивме да се случат многу нешта како зголемување на пензиите, платите, социјалната помош… Tака што и тоа како сме направиле добри дела за да можеме да бидеме горди – истакна Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


