| четврток, 6 декември 2018 |

Фифи: Никој не ја кажува вистината за „Икс-фактор“

Македонскиот трансексуалец Филип Јаневски Фифи, кој минатата година стигна до финалето на „Икс-фактор“, вели дека шоуто не е толку „розево“ какво што сака да се прикаже. Во долг статус на „Фејсбук“, Фифи го раскажа своето искуство со музичкото шоу.

– Бидејќи мислам дека никој од кандидатите кои бевме на минатогодишната сезона на Х фактор не проговорил јавно што всушност таму се случуваше и како не тераа пред камери и на интервјуа да се правиме дека се е во ред , еве јас не се плашам и ќе кажам. Епа вака…
Мене лично ме ставија во бендови (ме дискриминираа) бидејки продукцијата не знаела дали да ме стави во машки или женски изведувачи (од самиот старт знаев какво ќе биде ова шоу, бидејќи јас јавно се изјаснив дека сум транс жена и се знае каде требаше да бидам, и искрено затоа и престанав да се понашам професионално и да давам се од себе , бидејќи професионалци таму немаше.) До Шимановци секој ден не носеа на проба со раскантан стар смрдлив автобус полн со прашина. Секое сабајле ќе станевме во 7 и кога ќе стигневме таму чекавме барем 4 саати додека да пробаме на сцена. Не оставаа без храна, тоа што јадевме претежно беше храна која ја праќаа родителите на некои од учесниците, год блесс родителите на Доктори. Не носеа од хостел во хостел , нема ни да коментирам како живеевме посебно бендовите бидејќи ваљда ги сметаат за понизок ранг не знам зошто. Си играа со гласовите, враќаа во шоуто кого они сакаат и исфрлаа кого они сакаат така да кога сте гласале џабе сте гласале! Кога ме исфрлија мене од шоуто ме исфрлија со 2 пати повеќе гласови од публика отколку што имаше Александра Секулич со која јас и Маринела се најдовме во дуел. Ин еар-от кога пеевме на сцена речиси никад не работеше и неизбежно беше да се фалшира, не се слушаш што пееш човече! На концертот во Скопје кога наполнивме цела сала ни платија по 100€! За гардеробата која ни ја даваа и не облакаа во неа што да ви кажам?! Знаете и самите… Вечерта пред да испаднам од што беа ‘професионални’ оние кои не облакаа и беа премногу ‘културни’ јас дојдов до ситуација 5 минути пред да настапам да ме вреѓа и да се степам со една кокошка која работеше како ‘стилист’, оди па пеј убаво брате! Има уште многу… Но мислам дека и ова е доволно. Поздрав до сите и единствено добро од тоа шоу е што среќа ни ги нема договорите и запознав прекрасни луѓе со кои делиме исти соништа и некаде во светов вредат МИЛИОНИ! – пишува Фифи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top