| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски железници се подновија со 150 нови товарни вагони

Novi tovarni vagoni (1) (Custom)

Возниот парк на Македонски железници е збогатен за нови 107 товарни вагони кои денеска беа промовирани во Скопје. До крајот на месецот се очекува да бидат испорачани и останатите 43 вагони од словачката „ЖОС Трнава“ со што ќе се заокружи набавката на 150 вагони.Инвестицијата е вредна 13,2 милиони евра и таа треба да придонесе за поголема ефикасност и конкурентност на железничката компанија, што ќе значи нов почеток во нудење на квалитетни услуги на коминтентите со кои соработува.

Novi tovarni vagoni (3) (Custom)

-Практично  набавката на новите 150 вагони беше и едно од барањата на бизнисмените, со кои низ долги разговори и преговори  укажуваа дека за се задоволат нивните потреби за брз транспорт неопходна е една ваква инвестиција. Тоа и го сторивме, од денеска бизнис секторот може да биде сигурен дека МЖ транспорт во иднина ќе нуди  квалитетен превоз на стока. Од друга страна пак сега со оваа нова инвестиција Македонски Железници ќе се етаблира и на меѓународниот пазар како компанија која е подготвена да понуди брз и сигурен транспорт на стоки и услуги- истакна министерот на транспорт и врски Миле Јанакиески за време на промоцијата на товарните вагони.

Novi tovarni vagoni (6) (Custom)

Инвестициите се дел од преродбата на земјава и дел од големиот инвестициски цилкус тежок 281 милион евра.

-Инвестициците се во повеќе области, пругата кон Бугарија, набавка на нови вагони, товарни и патнички,  изградба и реконструкција на пругата кон Кременица, железничката станица во Скопје. Никогаш порано не биле издвоени волку пари за железницата што има за цел зголемување на нашата конурентност. Набавката на нови вагони беше едно од барањето на бизнисмените кое ние го прифативме и спроведовме во дело – истакна вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.

Novi tovarni vagoni (7) (Custom)

Изминатите години беа години во кои некои работи се случија за првпат или се случија после долги години.

-Направени се спортски сали и игралишта, се градеа фабрики, се реновираа и градеа аеродроми, се изградија и реновираа голем број на здравствени објекти, се изградија и се уште се градат патишта, булевари, автопати. Се градеа брани, музеи, жичарници и уште многу други проекти. Ако нашиот граѓанин се подразмисли кога последен пат во Македонија се купиле и ставиле во функција нови возови, односно нови транспортни вагони, веројатно нема да бидат многумина кои би се сетиле на таков настан.Тоа е резулатат на начинот на кој се третираше железницата и воопшто железничкиот сообраќај. Тие се наоѓаа на маргините. Од овие причини ние како влада се обидовме да стартуваме неколку крупни проекти кои севкупно ќе го подобрат имиџот на железничкиот сообраќај. Еден од тие проекти е и капиталната набавка на 150 нови товарни вагони. 107 вагони се веќе во земјва, а остатокот треба да пристигне за некој месец.Кон крајот на летото ќе пристигне и првиот патнички воз, а до крај на годинава и останатите. Освен нови возови ќе има и нови железнички станици и пруги – исткна премиерот  на владата, Никола Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top