Украинските олигарси Дмитриј Фирташ, Виктор Пинчук и Рина Ахметов, создадоа Агенција за модернизација на Украина, во која како советници учествуваат голем број поранешни западни политичари. Ова го соопшти денеска германскиот весник „Ханделсблат“.
Меѓу политичарите е поранешниот германски министер за финансии, Пеер Штајнбрук, кој во 2013 година беше главен ривал на Ангела Меркел за канцеларскиот пост меѓу социјалдемократите. Тој ќе биде одговорен за координација на финансискиот сектор во државата, наведува весникот.
Според „Ханделсблат“, во новата структура ќе учествуваат и поранешниот министер за одбрана на Германија, Руперт Шолц, поранешниот еврокомесар за проширување и политика на добрососедство Штефан Филе, поранешниот еврокомесар за надворешна трговија Питер Менделсон, како и поранешниот француски министер за надворешни работи Бернар Кушнер. Поранешниот британски главен обвинител Кен Мекдоналд, пак, ќе ѝ помага на Украина да го реформира судството.
Фирташ, Пинчук и Ахметов ќе инвестираат во агенцијата повеќе од 100 милиони долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст