| четврток, 6 декември 2018 |

Ставрески: Владата инвестира во секоја можна сфера

vlada 2 (Custom)

Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, на денешната прес-конференција истакна дека програмата за работа на Владата вклучува проекти во сите сфери.

– Она што јас го поддржувам е во сите сектори да се направи максимумот, да се стави максимум што е можно средства, притоа тој процес не е еднонасочен, значи министерот, премиерот и сите останати кажуваат што сметаат во однос на тоа како треба да изгледа таа програма и истата ја презентираме пред граѓаните и од таа програма понатаму влечеме позициите за буџетот за реализација на тие проекти – посочи вицепремиерот.

Природна состојба во сите смеји, како што рече тој, е ресорните министерства да сакаат повеќе пари за сите проекти.

– Премиерот, на пример, сакаше да се стават повеќе пари и побрзо да се разлизира зголемувањето на пензиите, но моја задача како министер за финансии, иако и јас истото го сакам, е да кажам колку можеме да ги зголемиме пензиите годишно – појасни Ставрески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top