Синнгапур ја задржа позицијата најскап град на светот, а исто како и лани, го следат Париз, Осло, Цирих и Сиднеј, објави истражувачката агенција „Економист интелиџенс јунит“ (ЕИУ).
Истражувањето опфати 133 града во светот, а Њујорк е земен како основа за споредување.
Во областа основни животни намирници Сингапур е за 11 отсто поскап од Њујорк, а заедно со Сеул е најскапо место за купување облека. Цените се 50 отсто повисоки од Њујорк. Сингапур има и висока цена на автомобилите, а трошоците за превоз се скоро трипати повисоки од Њујорк.
Податоците во ова истражување се наменети за пресметување на трошоците на живот на оние кои сакаат да го сменат местото на живеење, како и за деловните патници.
ЕИУ објави податоци за најефтини градови во светот, и на прво место е Карачи во Пакистан, потоа Бангалор (Индија), Каракас (Венецуела) и индијските градови Мумбај и Ченај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст