| четврток, 6 декември 2018 |

Обама: Убиството на Немцов е знак за влошување на климата во Русија

obama-na-test-191389
Убиството на рускиот опозициски политичар Борис Немцов е знак за влошување на климата во Русија, каде што граѓанските права и слободи на медиумите назадувале во последните неколку години, изјави претседателот на САД Барак Обама.

– Тоа е навестување на климата барем во Русија, каде што граѓанското општество, независните новинари и луѓето што се обидуваат да комуницираат на интернет, сè повеќе се чувствуваат изложени на закани и на ограничувања. И сè повеќе единствената информација што руската јавност може да ја добие е по пат на медиуми под државна контрола – рече Обама.

Тој повика на сеопфатна истрага по повод убиството на Немцов.

Убиството на Немцов е дел од тоа што јас мислам дека ѝ овозможи Русија да се ангажира во некој вид агресија што ја има кон Украина, наведе Обама.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top