| четврток, 6 декември 2018 |

Бил Гејтс и натаму најбогат, Цукерберг 16-ти на листата

bil gejts

Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, со богатство од 79,2 милијарди долари и годинава е најбогат човек на светот. Втор на листата се најде Карлос Слим, чие богатсво се проценува на 77,1 милијарди долари.

Со 72,7 милијарди долари, трет на листата се најде Ворен Бафет кој денеска го најави своето повлекување од лидерското место на неговата компанија „Беркшир хатавеј“. Следен на  листата е сопственикот на „Зара“, Ортега, со заработени 64,5 милијарди долари, додека петти е Лари Елисон, сопственикот на „Оракл“.

Основачот на „Фејсбук“, Марк Цукерберк се наде на 16 то место на листата. Неговото богатство изнесува  33,4 милијарди долари.

На листата која секоја година ја објавува „Форбс“, во првите десет позиции се најде и една жена.

Сопственичката на ланецот маркети „Вол март“, Кристи Волтон, со богатсво од 41,7 милијарди долари, се  најде на осмата позиција.

Најстариот на листата е Рокфелер. Има 99 години и стекнато богатсво од 3 милијарди долари. Најмладиот е 24-годишниот Иван Шпигел од „Снеп чет“ кој заработил 1,5 милијарди долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top