Претседателот на Зимбабве Роберт Мугабе е познат по својата екстравагантност и специфичност во вкусот. За својот 91. роденден тој направи забава која чинела околу еден милион евра и на која имало преку 20 ијади гости. Славењето било во еден ексклузивен спа и голф центар, а во негова чест на небото биле пуштени 91 балон.
Претседателот и гостите јаделе месо од млад слон, потоа месо од бивол, а како посебен подарок за славеникот на трпезата имало и лав и крокодил полнети со зеленчук.
Во оваа понуда, 40-те крави кои му биле понудени на претседателот звучат дури и скромно.
Бил убиен уште еден слон, но претседателот инсистирал тоа месо да се подели на жителите во чија близина била забавата. Имало и седум торти за присутните, некои биле во форма на континентот Африка, а други со ликот на Мугабе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.