Кумановец измамил осум сограѓани од кои собрал 9.000 евра ветувајќи им работа во Кувајт, соопшти МВР.
Од МВР велат дека е приведен 39-годишен кумановец кој ги измамил кумановците дека ќе им помогне при вработување во Kувајт преку фирмата „Al HoKook International“.
Уапсениот кумановец од август минатата година мамел сограѓани дека ќе ги испрати на работа во странство. За почеток им земал по 1.000 евра, а потоа потпишувале договор за заем кај адвокат. Требале да му дадат уште една плата во висина од 3 до 5 илјади долари откако ќе се вработеле.
Измамата досега ја пријавиле осуммина, а полицијата апелира и другите измамени граѓани да поднесат пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


