| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот на полскиот Сенат не доби виза за да присуствува на погребот на Немцов

bogdan-borusevic-540x320

Претседателот на полскиот Сенат, Богдан Борусевич денеска соопшти дека руските власти на му издале виза за влез во Русија, каде сакал да отпатува со цел да присуствува на утрешниот погреб на убиениот руски опозициски лидер Борис Немцов во Москва.

– Дознав дека руските власти нема да ми дозволат да присуствувам на погребот – изјави Борусевич, додавајќи дека е изненаден од одлуката на Москва да не му издаде виза.

Како што јави ДПА, Борусевич додаде дека со присуството на погребот само сакал „да му изрази почит на Немцов и на сите Руси што размислуваат како него“.

Немцов беше убиен во петокот вечерта на еден мост во близината на Кремљ. Убиецот на Немцов се уште не е идентификуван и пронајден, што ги поттикна руските опозицски активисти да го обвинат претседателот на Русија, Владимир Путин дека „го наредил убиството или во најамла рака создал атмосфера на полиитчки омраза што довела до ова злосторство“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top