| четврток, 6 декември 2018 |

Во Пакистан приведени 500 родители кои не сакале да ги вакцинираат децата

5057-Oprez-zbog-vakcina-protiv-besnila

Речиси 500 луѓе беа приведени денеска во Пакистан поради тоа што не дозволувале нивните деца да бидат вакцинирани против детска парализа.

Приведените се во градот Пешавар и околните региони во почеток на тридневна локална кампања за вакцинирање. Тоа е прв таков чекор на властите.

Според владини податоци, во 2014 година во Пакистан биле регистрирани 303 случаи на детска парализа. Во 2013 година таа цифра била – 93.

Над 90 отсто од случаите се во регион на авганистанската граница каде вооружени лица поврзани со Ал Каеда ги напаѓаат медицинските лица кои вршат вакцинација или родителите не дозволуваат децата да им бидат вакцинирани.

Екстремистите тврдат дека кампањата за вакцинирање е од противници на исламот со цел да бидат стерилизирани муслиманите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top