| четврток, 6 декември 2018 |

Студенти што го променија светот

Дека може да се биде успешен и во периодот на студиите докажуваат примерите на неколку студенти што со своите изуми станаат најбогатите луѓе во светот.

Facebook Stock

Кога ќе се спомене името на Марк Закерберг, јасно е дека станува збор за социјалната мрежа „Фејсбук“. Приказната за создавањето на „Фејсбук“ од страна на неколку студенти на Универзитетот „Харвард“ им е позната на сите, а уште поинтересно е како таа успеа да привлече еден милион корисници, а за четири години успеа да стане најголема социјална мрежа во светот. Бројот на корисници го зголеми од 100 милиони во 2008 година, до повеќе од една милијарда.

durov-vk

Рускиот студент Павле Дуров е креатор на „Вконтакте“. Уште додека студирал на универзитетот во Санкт Петербург има два проекти: електронска библиотека за реферати и студентски форум. Откако го сфатил принципот на кој фукнционира „Фејсбук“, тој во Русија го регистрира „Вконтакте“ на 1 октомври 2006 година и уште во текот на следните неколку дена мрежата веќе имала повеќе од 2.000 корисници. Денеска тоа е најголемата социјална мрежа на рускиот простор. Неговото богатство е огромно. Минатата година тој од авоин фрлал банкноти од 5.000 рубљи само за да гледа како луѓето ги собираат.

mat

Марк Мулевенг е основачот на „Ворд прес“. Во периодот кога се создавал, Марк бил студент и првите страни ги изработил кога имал 12 години. На 19 години тој веќе има свој код, како реномиран програмер, но, за жал, за разлика од останатите од оваа група, тој не може да се смета за милионер.

timthumb.php

Џек Дорси е основачот на „Твитер“. Досега два пати се обидува да се стекне со диплома, но не успева. Во еден период доаѓа на идеја да создаде мрежа за размена на кратки пораки. Проектот го направил само за две недели, а по појавата „Твитер“ се шири со голема брзина. Тој станува милијардер, но влијанието на „Твитер“, како и она на „Фејсбук“, е над парите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top