На 28 февруари во 08.30 часот во ПС Гази Баба, Ф.А.(57) од с.Сингелиќ пријавил дека истиот ден околу 03.00 часот, непознат сторител, најверојатно со употреба на засега непознато запалливо средство го полеал неговото патничко возило „фолксваген лупо“ со скопски регистарски ознаки, кое било паркирано пред неговата куќа, и со отворен оган предизвикал пожар.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.