Никола Николиќ, кој на јавноста ѝ стана познат со аферата „Фиком“, ноќеска е пронајден обесен во затворот во Штип, каде што ја одлежуваше затворската казна за измама со продажба на станови.
Од МВР потврдуваат дека е пријвено дека има починато лице во затворот во Штип, околу 7 часот утринава. Но, оттаму за „Република“ велат дека екипите се на терен и во моментов се врши увид. Според нив, идентитетот на починатиот затвореник сѐ уште не е познат.
Од Управата за извршување санкции за МИА утрово потврдиле дека Никола Николиќ е најден обесен во штипскиот затвор.
Повеќе детали се најавуваат во текот на денот.
Адвокатот на Николиќ, Александар Петровски, на својот профил на „Фејсбук“ утринава објави дека Николиќ е пронајден мртов.
– Мојот клиент Никола Николиќ од „Фиком“ ноќеска е пронајден обесен во КПД Штип. Наводно сам си го одзел животот, нека му е лесна земја. Не можам да ја разберам жедта за лишување од слобода на сите оние што навиваат за такво нешто. Луѓето се претворија во ѕверови, не си ја гледаат маката туку само за апсења зборуваат – напиша адвокатот.
Николиќ е затворен поради продавање исти станови од зградата во Кисела Вода на повеќе потенцијални станари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



