| четврток, 6 декември 2018 |

Сервер: Заканата за Македонија е од Атина и од Москва, не од Вашингтон

сервер

Не постои иредентистичко движење во Македонија, чиј Устав забранува полагање право врз соседните земји, изјави американскиот аналитичар и поранешен директор на Институтот за мир во Вашингтон Даниел Сервер во интервју за програмата Гласот на народот на ТВ Сонце.

Оваа изјава следува како одговор на интервјуто на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас, кој рече дека еден од приоритетите во грчката надворешна политика е освртот на прашањето за името на Македонија, но според него, меѓународната заедница треба да изврши поголем притисок врз македонските власти за промена на иредентистичките ставови кои се пречка за решавање на спорот.

– Грците халуцинираат. Иредентизам е какво било политичко или народно движење насочено кон враќање и повторно заземање на изгубената татковина – вели Сервер.

Според американскиот експерт за Балканот, има луѓе во Македонија, Албанци и Македонци, кои сакаат да видат признавање на малцинствата во Грција, но тоа не е иредентизам, тоа се човекови права.

Сервер во интервјуто не ја изостави и актуелната ситуација во Македонија, случајот „Пуч“ и можноста за вмешаност во случајот „Прислушување“ од страна на една соседна земја на Македонија потпомогната од тајните служби на една од најмоќните тајни служби на светот, како и можноста на организирана дестабилизација на Македонија. – Нема сомнение дека Атина ги продлабочува врските со Москва и дека Москва е против членството во НАТО и ЕУ на земјите од Балканот.,,истакнува американскиот аналитичар и додава дека „не е убеден оти имало обид за државен удар“.

Прашан за ставот на САД, Сервер смета дека Вашингтон не е заинтересиран за дестабилизација на Македонија.

– Македонската армија се бореше под американска команда во Авганистан. Можеби немаме формален договор за сојуз, но тоа се однесува на многу блиски воени врски. Уверен сум дека САД немаат интерес за дестабилизација на Македонија, а исто така сум убеден и дека не се толку заинтересирани за Македонија за да бидат вклучени во прислушување на илјадници луѓе. Грција и Русија имаат далеку повеќе причини да бидат заинтересирани, но не знам со сигурност дали тие се вклучени во прислушувањето – потенцира Сервер.

Тој смета и дека Вашингтон не фаворизира ниедна политичка опоција во Македонија.

– Немам идеја зошто некој би го помислил тоа. Вашингтон фаворизира демократија и членство во НАТО за Македонија. Ќе го поддржи секого што демократски ќе дојде на власт. Исто така, Вашингтон ќе го поддржи демократскиот систем во Македонија – нагласува Сервер.

Во врска со изјавата на државниот државен секретар Кери пред американскиот Конгрес дека Македонија е една од земјите „на линијата на огнот“ меѓу САД и Русија, американскиот аналитичар со став дека „заканата е од Москва, а не од Вашингтон“.

Одговарајќи на прашањето дали гледа некаква опасност во оваа ситуација да се активираат и албанските разузнавачки служби за да извршат притисок за разнебитување на Македонија, Сервер со одговор: „Се сомневам во тоа. Но, Албанците во Македонија дефинитивно сакаат да ја видат Македонија во НАТО и ќе бидат разочарани ако овој инцидент и наштети на таквата перспектива“.

Прашан дали гледа опасност од етнички судири во блиска иднина и опасност од ИСИЛ врз Македонија, Сервер со одговор: „Постојат екстремисти во многу земји. Не можам да исклучам дека ги нема и во Македонија, бидејќи повремено ги имало во минатото. Но, овде не гледам етнички судири како проблем. Ова е конфронтација меѓу двајца Македонци: Заев и Груевски. Албанците се набљудувачи кои не знаат што да прават“.

– Македонците и Албанците во минатото беа доволно мудри да ја сочуваат својата земја од најлоши конфликти. Верувам дека ќе бидат мудри и во иднина – вели Сервер.

Нагласува дека иднината на Макеоднија е во евроатлантските структури и оти тој процес мора да се забрза.

– Македонија припаѓа во НАТО. Но, мора да добие свој дом за и понатаму да се квалификува за членство – рeче Даниел Сервер во интервју за програмата „Гласот на народот“ на ТВ Сонце.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top