| четврток, 6 декември 2018 |

Намалувањето на населението и големиот економски пресврт

overpopulation

Во последниве недели се концентрираме на Грција, Германија, Украина и на Русија. Тоа се актуелни теми. Но читателите ми го насочија вниманието кон појава која според нив е основно па дури и одредувачко за сите тие проблеми, ако не токму сега, тогаш во блиска иднина. Станува збор за намалувањето на населнието и влијанието кое тоа ќе го има врз овие држави. Се тврди дека топењето на населението ќе доведе до кризи во тие и во други држави, поткопувајќи ги економиите и нивното национално внимание. Понекогаш треба да сопреме и да се пренасочиме од непосредните кризи кон пошироки теми. Да почнеме со некои мисли од мојата книга „Следните 100 години“.

Причини за намалување на населението

Неспорно е дека населението во повеќето европски држави ќе се намали кај следното поколение, но во Германија и Русија тој пад ќе биде драматичен. Всушност, целосно експлозивниот раст на светското население е кон својот крај. Во пракса во сите општества, од најсиромашните до најбогатите, нивото на пораѓања кај жените се намалува.

За да се одржи стабилен број на населението, породувањата треба да бидат на ниво од 2,1. Ако односот е повисок – населнието расте, ако е пониско – се намалува. Во развиениот индустриски свет, породувањата веќе подолго време се под 2,1. Во средно развиените држави, како Мексико или Турција, породувањата се намалуваат но нема да достигнат до 2,1 до деценијата помеѓу 2040 и 2050 година. Во најсиромашните држави, како Бангладеш или Боливија, раѓањата исто опаѓаат, но ќе мине голем дел од векот додека да стигнат до 2,1.

Процесот по природа е неповратен. На прво место тоа е прашањето на урбанизацијата. Во земјоделските и слабо развиените општества, децата се производствен актив. Тие можат да бидат искористени за работа уште од шест годишна возраст. Децата стануваат извори за приходи и колку повеќе ги имате, толку е подобро. Исто толку важен е фактот дека во слични општества не постои друго пензиско осигурување освен семејството, а поголемо семејство полесно се грижи за родителите кога тие ќе достигнат напредна возраст.

Во сосема развиени урбанизирани општества, економската бројност на децата се намалува. Всушност, децата се претвораат од инструменти за производство во објекти на пбемната потрошувачка. Во урбанизирано индустријализирано општество, можностите за трудова ангажираност во рана возраст не само што се мали, туку и потребите за образование силно растат. Децата треба да бидат издржувани многу подолго, понекогаш до средината на нивните 20-ти години. Заради овие причини, луѓето имаат помалку деца. Контролата на раѓањето едноставно ги создава средствата за постигнување на една економска неопходност. За повеќето луѓе, семејството со осум деца би била финансиска катастрофа. Покрај тоа, ѓените просечно имаат по две деца или помалку. Како резултат на тоа, населнието се намалува. Се разбира, за намалувањето на популацијата нма и други причини, но урбанизираната индустријализација е главната.

Има и експерти кои очекуваат тој процес да доведе до економска катастрофа.

Како човек кој израснал во свет во кој експлозивниот раст на населението води до економска катастрофа, би очекувал крајот на бумот во раѓањата да биде свечено поздравен.

Се вели дека намалувањето на населението, посебно во текот на преоден период пред умирањето на постарите поколенија, ќе остави релативно мала група на луѓе кои ќе се обидуваат да издржат многу голема група пензонери, особено ако се има предвид продолжувањето на животниот век во развиените богати држави. Освен тоа, долговите натрупани од постарите поколенија ќе треба да бидат исплаќани од помалубројното помладо поколение. Имајќи го во предвид тој факт, се очекуваат големи економски промени. Освен тоа, постои и сфаќањето дека политичкото влијание на една држава ќе се намалува заедно со намалувањето на нејзиното население, и затоа што ќе се намалува нејзиниот воен контингент.

Најочевидното решение е емиграцијата. Јапонија и повеќето европски држави всушност имаат тешки културни проблеми со интеграцијата на емигрантите. Јапонците воопшто не се ни обидуваат, а Европејците кои се обидуваат откриваат дека интеграцијата е тешко остварлива (особено со емирантите од исламскиот свет).

Кај белите жени во САД, породувањата изнесуваат околу 1,9. Тоа значи дека европското население се намалува, а тоа се компенизра со афроамериканското и хиспанојазичното население. Освен тоа, и покрај споровите, во моментов САД ефективно се справуваат со емиграцијата.

За емиграцијата треба да бидат посочени две нешта.
Прво, американската одлука да се потпира на емиграцијата ќе значи значителна промена во историски болната тема: расната дискриминација. САД можат да го одржат бројот на населението само ако на долгорочен план белото население стане малцинство.

Второ, некои историски извори на емиграцијата за САД, особено од Мексико, веќе обезбедуваат помалу емигранти. Со искачувањето на Мексико во економското рангирање, емигрирањата кон САД ќе се намалат. Така извор на емиграцијата ќе треба да станат послабо развиените држави, каде сеуште има вишок од население.
Европа и Јапонија немаат надежен модел за интеграција на емигрантите.

Влијанието на населението врз БДП

Вистинското прашање всушност е дали намалувањето на населението има некакво значење.
Ако бруто домашниот производ (БДП) се намалува со истото темпо како и населението, БДП-то глава на жител би требало да остане непроменето. Проблем би имало само ако БДП се намалува побрзо од населението, или ако тоа темпо сосема излезе од синхронизација.

Но нема причина да се претпоставува дека БДП би се намалил заедно со падот на бројот на населнието. Базата на капиталот на тоа општество нема да исчезне. Дури и ако претпоставиме дека населението се намалува, но БДП се намалува со побавно темпо, па дури и расте. Тогаш БДП-то по глава на жител би пораснал и според тој показател луѓето ќе бидат попросперитетни отколку што биле претходно.

Меѓу клучните промени кои го ублажуваат проблемот со намалувањето на населнието ќе биде непрекинатиот прогрес во технологиите, со цел да се зголеми продуктивноста. Можеме тој процес да го наречеме автоматизација или роботизација, но индивидуалната продуктивност на трудот ќе расте во сите производствени сфери од почетокот на индустријализацијата, онака како што темпото на раст забавува.

Промени во врската помеѓу трудот и капиталот

Намалувањето на населението всушност ќе има и други посуштински последици. Бројот на населението во светот бил стабилен до средината на 16-иот век. Бројот на раѓањата пораснал околу 1750 година, и расте стабилно се до почетокот на 20-иот век, кога нагло отскокнува. За последните околу 500 години, бројот на населението расте со забрзано темпо. Тоа значи дека во исторјата на модерната индустријализација и во капитализмот секогаш имало вишок на работна сила. Исто така може да се забележи и недостиг од капитал во смисол на тоа што капиталот бил поскап од трудот. Имајќи го предвид постојаното раст на се повеќе луѓе, понудата на работна сила врши притисок врз цената на трудот.

Првпат во овие 500 години, ситуацијата всушност е обратна. Прво, се раѓаат помалку луѓе, што значи дека трудовата сила се намалува и цената на сите видови на труд ќе порасне. Досега поа не се случило во историјата на индустријализираниот човек. Во минатото, клучниот момент кој недостигал бил капиталот. Но сега капиталот е во вишок, а трудот ќе биде скап.

Тоа нема единствено да се случи ако продуктивноста расте толку брзо што трудот ќе остане во вишок. При ваков развој на ситуацијата, ќе навлеземе во револуционерна ситуација при која односите помеѓу трудот и приходите ќе треба да се променат.

Како дополнување на БДП по глава на жител, ефективното распоредување на богатствата ќе се измени. Во моментов се наоѓаме во период во кој натрупувањето на богатствата се усмерува кон помалку раце, а пропаѓањето на горните слоеви на средната класа и средната класа расте. Ако цената на парите падне, а цената на трудот порасне, раширената нерамномерност ќе се измени и историската логика на индустрискиот капитализам би била суштински преформулирана, ако не и свртена наопаку.

Треба исто да се потсетиме и дека трите излезни фактори на призводството се земјиштето, трудот и капиталот. Вредноста на земјиштата сфатена во пошрок смисол како недвижни имоти, се промени во извесна зависност од населението. Со опаѓањето на населението побарувачката за земјиште ќе се намали, што ќе ги намали цените на живеалиштата и уште повеќе ќе го зголеми БДП по глава на жител.

Патот кон приближната рамнотежа ќе биде труцкав и исполнет со финансиски кризи.

На пример, намалувањето на вредноста на живеалиштата ќе го загрози нето богатството на средната и високата класа. Прилагодувањето кон свет во кој кредитите трајно се пониски во споредба со почетокот на капитализмот, пак ќе им противречи на очекувањата и следтвесно ќе ги одведе финансиските пазари во непознати патишта. Намалувањето на населението сепак е транспарентен и многу предвидлив процес, така што има доволно време сопствениците на живеалиштата, инвеститорите и сите останати да си ги остварат своите очекувања.

Но ситуацијата нема да биде еднаква во сите држави. Средно и слабо развиените држави ќе се соочат со пад, додека развиените економии веќе се приспособени кон него. Во држави како Русија, пак, падот на БДП по глава на жител ќе зависи од цената на суровините како нафтата. Населението опаѓа дури и таму каде нема развиена индустријализација, а во реони во кои има само урбанизација и прединдустриско земјоделие, последиците се тешки. Постојат места без „заштитна мрежа“ и Русија е меѓу нив.

Сакам да напоменам дека намалувањето на населнието силно ќе го промени начинот на дејствување на економиите, но во развиениот индустријализиран свет тоа нема да биде катастрофа – дури напротив. Можеби најзначајната промена ќе биде тоа што во изминатите 500 години банкарите и финансиерите беа во предност, а во општество со недоволно работна сила, клучот ќе бидат ресурсите на трудот. Немам претстава како ќе изгледа тој бизнис модел, но не се сомневам дека други тоа ќе го откријат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top