Во моментот кога се очекува поранешната прва дама и државна секретарка на САД Хилари Клинтон да ја објави својата кандидатура за претстојните претседателски избори, во јавноста протекоа информации дека на нејзина сметка легнувале милиони долари од странство за време на нејзиното водење на американската дипломатија.
Во јавноста се поставува прашањето дали Клинтон во тоа време била во судир со интересите на надворешната политика на САД кон државите што тајно богато ја наградувале?
„Вашингтон пост“ ваквиот тек на парите го нарекува – тргување со влијанието со оглед на тоа дека според договорот со Обама, Клинтон можела да прима уплати само од земји што и претходно ја спонзорирале, но не и од земји што се заинтересирале за неа откако дошла на позиција државен секретар.
Парите, наводно, и стигнувале од седум земји – Кувајт, Катар, Оман, Алжир, Австралија, Норвешка и Доминиканската Република.
Соработниците на Клинтон признале дека примиле половина милион долари. Во исто време иста сума ја потрошиле на лобисти, чијашто задача била да се увери Вашингтон да замижи со едно око на нивното кршење на човековите права во земјата.
Донацијата помогнала и Катар да дојде до средиштето на американската политичка моќ, иако била поврзана со Хамас, кој во САД се смета за терористичка организација. Овој текст доаѓа како продолжение на информациите на Викиликс според кои поранешната американска државна секретарка со своите и спонзорите на Обама ги осигурувала концесиите за експлоатација на нафтени полиња и покрај противењето на локалното население.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст