Актерот Тони Михајловски и политичкиот аналитичар Александар Пандов изразија поддршка за 75- годишниот дедо Љубе кој треба да одговара на суд за убиство на крадецот кој пред две години му влезе дома, го тепаше него и неговата неподвижна сопруга барајќи пари., објави порталот „МК њуз“.Тони и Александар денеска беа да го посетат дедо Љубе. Патот до трошната куќичка на дедото не е воопшто лесен. Еве што напиша Тони за патот до таму..
-Денес тргнавме да го посетиме херојот дедо Љубе и баба Царка. Еден добар човек ни даде понадица да им однесеме. До рибникот имаше сонце. На 800 метри надморска височина се смени времето и не потсети кое годишно доба е. Тргнавме пешки. За 45 мин се качивме на 1105 метри надморска височина, иако ни рекоа дека се стига за 10 мин. Тие сигурно стигаат. Ама ние не.
Кумот подготвен кондиционо го предводеше караванот со предност од 150м. Зад него двајца ентузијасти со камера а некои 50м зад нив еден вљубеник во природата, исто толку задишан. Застанавме под едно дрво без гранки за да се потскриеме од дождот. И запаливме цигара. Многу кислород ни дојде. Осоговијата мокра како жена што излегува од вода и завиткана во магла, која ти се создава пред очи и бега нагоре низ ридот толку лесно што посакуваш да се фатиш за неа за да те изнесе. Оти душа снемавме. Кумот тргна прв.
Кондиција ти е многу битен момент ама не можеш да ја поделиш со другите. Разбиена чета е погусто распоредена од нас. Си помислив на комитите. Мене сигурно ќе ме фатеше аскерот. Ќе ме стигнеа. Кумот тешко.
фото: МК.њуз
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тони Михајловски: Нивниот бал под маски, заврши. Паднаа маските
-
Поднесен обвинителен предлог против Тони Михајловски за закани за убиство на Бранко Тричковски
-
Пандов: Катица крајно опуштено не потсети дека во државава постоела и постои една група на лоши момци кој по правило се наоѓаат во раководството на ВМРО-ДПМНЕ!
-
Пандов: Пратеници од СДС, кога виделе колкава пара се врти и нуди за гласање, бараат и тие да бидат парично „појачани“