Албанската полиција, во два часот по полноќ го прекинала штрајкот со глад на студентите на Медицинскиот факултет во Тирана, кој почна пред два дена.
Станува збор за 40 студенти, трансферирани од приватните Универзитети, кои беа укинати со одлуката на Министерството за образование, поради неисполнување на законските одредби и критериумите за квалитетно образование.
Студентите бараат наместо 2,3 милиони стари леки, колку им се бара за школарина да плаќаат идентично со студентите од државната квота, што би значело нивно рамноправно Нивни претставници изјавија дека полицијата со кршење на прозорите влегла во објектот на Медицинскиот факултет и притоа насилно ги извадила студените, објави „Шекули“.
Според „Шекули“, кој се повикува на изјави на студенти, тие потоа биле однесени во неколку полициски станици во Тирана. Студентите реагираат дека не само што не добиле одговор на нивното барање за намалување на тарифите за студирање на државниот универзитет по затворањето на приватни универзитети каде студирале, туку тие биле и малтретирани.
Засега нема реакција на овие обвинувања од албанското Министертвото за внтарешни работи.
Поранешниот албански премиер,Сали Бериша, ги поддржа студентите, оценувајќи дека преку штрајкот си ги бараат нивните права и го обвини актуелниот премиер Еди Рама за терор врз студентите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


