Околу 14 милиони евра е досегашниот износ на отпишани долгови, а 8.200 граѓани ги исполнуваат законските услови за оваа мерка. Но, бројките не се конeчни. Очекуваме нивно зголемување со оглед дека се уште трае прегледувањето на документацијата, изјави денеска премиерот Никола Груевски по пуштањето во употреба на локалниот пат меѓу селата Страгово и Крњево.
Според Груевски, отписот на долгови е еден од проектите што Владата го вети на последните избори и ревносно го спроведува.
– Се работи на целокупната документација доставена од граѓаните, се проверува колку соодветствува со законот. Очекувам досегашниот отпишан долг од 14 милиони евра и натаму да расте, нагласи премиерот Никола Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии


