| четврток, 6 декември 2018 |

Семејството на Мајкл Џексон бара 26 милијарди фунти отштета

porodica-dzekson-

Семејството на Мајкл Џексон ја тужи концертната агенција АЕГ за рекордни 26 милијарди фунти.

Мајката Кетрин и неговите три деца, Принц, Парис и Бленкет, бараат 6,6 милијарди фунти за да го покријат губитокот кој настана од откажувањата на концертите поради смртта на пејачот. Исто така, бараат 19,8 милијарди долари за да ги покријат останатите трошоци.

Легендарниот пејач почина во Лос Анџелес во неговата 51 година, само една недела пред да почне неговата последна турнеја „This is it“. Оттогаш се смета дека причината за смртта е преголемата доза од анестетикот „пропофол“, кој му го препишал неговиот личен лекар Конрад Муреј.

Муреј во 2012 година е осуден на две години затвор поради убиство од немарност.

Користењето „пропофол“ е строго регулирано само за  болничко лечење, но Муреј се согласил да му даде доза на Мајкл за да заспие полесно. Пејачот наводно страдал од исцрпеност поради напорните проби за 50 концерти кои ги организирала агенцијата АЕГ .

Се очекува дека АЕГ ќе се жали на пресудата особено поради фактот што Мајкл Џексон по неговата смрт заработува околу 672 милиони фунти годишно иако најголемиот дел одат за намирување на старите долгови.

Судењето почнува на 2 април.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top