Милан не успеа да ја урне серијата неуспеси на гостински терен и во петтиот меч по ред не победи во Серија А. Против Киево во Верона, „росонерите“ одиграа меч без голови и направија чекор назад во обидот да стасаат до позициите што водат во еврокуповите. Иако имаа иницијатива и поголем посед на топката, фаворитите од Милано не најдоа начин да го скршат отпорот на екипата што грчевито се бори за опстанок, па мораа да се задоволат само со еден бод.
Киево со 25 бода по 25 одиграни натпревари е две места над зоната за испаѓање, а Милан остана на деветтата позиција со 34 бода, далеку зад кандидатите за настап во европските купови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.