
Новинарот тајно го добил документот, во кој се вика Валериј Романов. Кога Гацу му ја дал картата се пофалил дека ја купува многу евтино. Бугарскиот мафијаш тогаш на купувачот му објаснил дека со неа може да отпатува во Лондон, а од идната година да поседува куќа, да се лекува и да користи бесплатно школување, исто како и Полјаците. Тогаш цената на оваа карта веројатно ќе биде најмалку петпати повеќе, му рекол Гацу на странецот.
Гацу е дел од раширената мрежа за трговија на црно со документи кои овозможуваат влез во Англија-пишува „Сан“ и забележува дека таквата можност веќе ја користат и криминалците од Србија, Косово и од Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


