Рускиот претседател Владимир Путин упати денеска сочувство на Дина Ејдман, мајката на опозицискиот лидер Борис Немцов. Тој наведе дека Немцов оставил трага во историјата на Русија, во политиката и во јавниот живот, работејќи на важни позиции во тежок период на транзиција на земјата и оти секогаш отворено и искрено ги застапувал своите ставови и ги бранел своите гледишта.
– Примете го моето најдлабоко сочувство за ненадоместливата загуба. Искрено ја делам тагата со која се соочувате, наведе Путин во телеграмата, објави Канцеларијата на рускиот претседател.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Путин: Се повторува Југославија! Нападот на Сирија е брутално кршење на првата!
-
Не може секој да оди покрај него: Асад тргна заедно со Путин, но не стигна далеку (видео)
-
Кој е господин Адамов: Факти за Владимир Путин кои ретко кој ги знае
-
Средба Ердоган – Путин: Односите меѓу Русија и Турција се целосно обновени