Моменталната политичка состојба во државата нема да влијае врз реализацијата на ветените проекти од програмата, потенцираше премерот Никола Груевски по промоцијата на 12 нови наслови од проектот „Превод на 1000 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети“.
-Ние сме пред се посветени на она што сме им го ветиле на граѓаните и ќе останеме посветени на тоа независно што се случува, со какви подмолни напади се соочуваме, ние остануваме посветени на тоа што сме го ветиле во нашата програма и на изборите и ќе останеме доследни на тоа- посочи премиерот Груевски.
Тој додоаде дека пензиите досега се зголемени во просек од околу 62 проценти за просечната, над 70 минималната, и дека ќе следи и натамошно зголемување онака како што е предвидено во програмата. Оваа година, нагласи, тоа ќе биде во септември со октомвриската пензија. Според него, и социјалната помош ќе се зголеми за пет отсто, онака како што беше предвидено и ветено во програмата за кон средината на годинава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии