| четврток, 6 декември 2018 |

Каиро го прогласи Хамас за терористичка организација

hamasЕгипетски суд го прогласи денеска палестинското движење Хамас за терористичка организација, соопшти судски извор.

Властите во Каиро веќе го забранија вооруженото крило на исламистичкото движење, обвинето дека го поддржува џихадистичкиот бунт во Синај.

На крајот на јануари египетското правосудство го прогласи за „терористичко“ военото крило на палестинското движење Хамас – Бригадите на „Изедин ал Касам“, а во март минатата година египетски суд ја забрани дејноста на Хамас на египетска територија и нареди да се замрзнат сметките на движењето.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top