| четврток, 6 декември 2018 |

Сочувство од Медведев за Немцов

Dmitry MedvedevРускиот премиер Дмитриј Медведев изрази денеска сочувство на роднините и блиските на Борис Немцов во врска со неговата трагична смрт, соопшти прес-службата на Владата.

– Потресен сум од жестокото, цинично убиство на Борис Немцов. Тоа е огромна лична трагедија за вас – неговите роднини и блиски. Голема загуба за нашето општество, за чии слободи и вредности тој се залагаше, рече Медведев.

– Борис Немцов беше еден од најталентираните политичари од периодот на демократските транзиции во земјата. И до последниот ден тој остана приципиелен човек. Дејствуваше отворено, и никогаш не ги промени своите погледи. Таков ќе остане во нашите сеќавања, истакна рускиот премиер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top