Во полициската станица – Центар вчера во 15 часот било пријавено дека во точно неутврден временски период од три години, непознат сторител извршил тешка кражба во Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, при што при згодна прилика од сефот на библиотеката, кој бил оставен отклучен одзел еден пиштол „Црвена Застава“.
Сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 30.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.