| четврток, 6 декември 2018 |

Додека спие со вас, тој размислува за…

секс 21) ДАЛИ ДОЖИВЕА ОРГАЗАМ? Многу мажи тврдат дека можат да препознаат кога жената глуми оргазам, но во реалноста тоа е едно од нештата за кои се несигурни. Посебно ако таа по првата рунда посака уште. Што значи тоа? Дека првиот пат беше лош? Или не беше доволно? Дали го одглуми оргазмот?

2) О БОЖЕ, СОВРШЕНИ СЕ! Mажите обожаваат гради. Тоа го знаеме. Од нивна перспектива речиси сите гради се убави и создадени за нивно уживање. Но кога првпат ќе се соблечете пред него, тоа е миг на комплетно задоволство.

3) ИЗДРЖИ, ИЗДРЖИ, ИЗДРЖИ! Една од наголемите машки грижи е дека сексот нема да трае доволно долго. Дали нејзиниот бивши можел да издржи подолго? Дали сака уште? Многу страшна е и помислата дека утре ќе им раскажува на другарките за сексот….

4) ДАЛИ СМЕАМ ДА ГО НАПРАВАМ ОВА? Секој маж има свои трикови. За некои само мечтае, а некои се дел од стандардниот сексуален однос со него. Можеби вашиот дечко би сакал да ве плесне малку посилно по газето, или да ве гризне, можеби би сакал да ејакулира на некое… малку поинакво место од вообичаеното. Не е сигурен дали ќе му се налутите доколку проба нешто такво.

5) КАДЕ ГО НАУЧИЛА ОВА? Mажите сигурно нема да се бунат доколку им покажете нешто ново во креветот, особено ако станува збор за нешто што тие тајно го посакувале. Но ако не станува збор за нешто за кое сте разговорале или сте се договорале, секој маж ќе се запраша од каде ви е инспирацијата. Дали го видела тоа во порно-филмовите? Дали го прочитала во некое списание? Дали можеби бившиот ја научил на тоа?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top