| четврток, 6 декември 2018 |

Холдер: САД ќе го уапсат и убијат егзекуторот на ИД, Мохамед Емуази

eric-holder-08nov2012-620x413Главниот обвинител и министер за правда на САД, Ерик Холдер вети дека САД ќе го уапсат и убијат егзекуторот на групацијата Исламска држава, кој стана познат како Џон Џихадистот, јави ДПА.

Во интервју за телевизијата Еј-Би-Си Холдер, кој наскоро ќе замине од функцијата, беше прашан дали би можел да гарантира дека мажот, чиј идентитет беше откриен ова недела, ќе биде изведен пред суд.

– Можам да им ветам на американскиот народ и на нашите сојузници дека ние бараме одговорност од сите извршители на тие грозоморни, варварски дела, рече Холдер.

Во објавените видеоснимки на егзекуции на заложници мажот, наречен од медиумите Џон Џихадистот, поради неговиот британски акцент, секогаш е со маска. Би-Би-Си и „Вашингтон пост“ во четвртокот јавија дека неговиот идентитет е утврден и оти станува збор за Мохамед Емуази, кој е роден во Кувајт, а кој се школувал во Велика Британија и живее во западен Лондон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top