Австриската компанија за производство на луксузно изработени кристали ќе ги затвори фабричките погони во Чешка и во Кина и ќе инвестира во своето седиште во австриската провинција Тирол и новата филијала во Србија, јавија чешките медиуми.
Според достапните информации, како што јави дописникот на МИА од Прага, годинава од чешкиот погон во Јаблонец над Ниса ќе бидат отпуштени околу 75 вработени, а 200 лица ќе останат без работа во Кина.
Како една од главните причини за напуштањето на Кина, во соопштението од компанија се наведува дека „конкурентските услови не дозволуваат компанијата да произведува во согласност со сопствените високи стандарди на трговска етика и квалитет“, а за областа на Чешка не е дадено никакво објаснување.
Компанијата „Сваровски” е една од водечките светски производители на накит и кристални компоненти, алатки за брусење и полирање, оптички уреди и синтетички скапоцени камења.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.