| четврток, 6 декември 2018 |

ИД се финансира со пари од банки ограбени од групацијата

isil-raka-islamisti-foto-reuters-1408880924-556105

Еден од главните извори на приходи на екстремистичката групација „Исламска држава“ се парите од банките, кои таа ги ограбувала, изјави портпаролот на Пентагон Џон Кирби.

– Кога борците на ИД заземале нови територии во Ирак, тие ги ограбувале банките и се стекнувале со солидни суми пари. Во моментов нивната сфера на дејствување не се проширува и поради тоа нивната финансиска состојба се влошува, изјави Кирби.

Тој додаде дека исламистите умаат уште пари, бидејќи добиваат донации и продаваат нафта на црно.

Кирби истакна дека операцијата за ослободување на градот Мосул ќе почне кога за тоа ќе бидат подготвени ирачките вооружени сили.

Мосул, кој се наоѓа на околу 400 километри северно од Багдад од летото минатата година е под контрола на ИД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top