| четврток, 6 декември 2018 |

Јанакиески: Фирмата на Цаноски работеше спротивно на законските прописи

Mile-Janakieski-int115-740x320-top

Снимките кои вчера беа презентирани во јавноста, претставуваат монтиран процес на странски служби преку кои Зоран Заев ги користи за свои цели и по секоја цена сака да дојде на власт, рече денеска министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, одговарајќи на новинарско прашање по доделувањето на решенија за легализација на дивоградби во општина Кисела Вода.

Според него, Зоран Заев има една единствена цел, а тоа е да созаде страв кај граѓаните уценувајќи ги и држејќи ги во неизвеснот велејќи дека поседува снимки за како што вели прво 26 илјди па потоа 20 илјади граѓани.

-Заев со неговиот тим не само што сака на нелегитимен начин да дојде на власт туку и самиот се доведува во дефазива служејќи им на странски служи кои прислушкување во Република Македонија. Срамота е тоа што СДСМ секогаш се става во во одбрана оние што ги прекршуваат законите и на тој начин ги прават жртви. Таков е случајот со Фијат Цаноски и случајот Космос. Во случајот со рушењето на објектот Космос, постапувањето е целосно по закон и рушењето на самиот објект е согласно закон и тоа е непобитна вистина за која СДСМ колку и да се труди да го монтира случајот, тоа е факт. Фирмата на Цаноски работеше спротивно на законските прописи и рушењето е дел од таа процедура, посочи Јанакиески.

Тој потенцираше дека градежните инспектори утврдиле дека инвеститорот гради објект кој е повисок за метар и половина и со тоа отспатува од предвиденото во проектот.

-Само да потесетам дека во два наврати Министертвото за транспорт и врски му ги уважи жалбите на Цаноски за барањата за локациски услови и одобрението за градба. Со самиот факт дека Цаноски после утврдувањена фактичкта состојба дека изградениот објект не е во согласност со проектот побара да не му се урива туку во текот на градбата да го смени проектот, за што и самиот тој изјави на медимуите, потврди дека изградил објект кој отстапува од првичниот проект, т.е дека градел спротивно од она што стоиело на проекот. Министертвото за транспорт и врски го отфрли тогашното барање на Цаноски да го менува проектот во тек на градба. Барањето е одбиено соласно член 69 став 3 од Законот за градење. Цановски уште еднаш си ја потврдува грешката кога решението на Министертвото за транспорт и врски го обжалува до Управниот суд за веднаш потоа да ја повлече жалбата, појасни министерот за транспорт и врски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top