Кога Руди Џулиани го напаѓа патриотизмот на Обама, тој користи тактика која била користена против католиците од страна на ЏФК.
Руди Џулиани повторува дека не е расист. Тој само не верува дека „претседателот ја сака Америка“. Тој тврди дека Обама „не е одгледан на начин како што сте вие одгледани, или како што бев јас одгледан“. Претседателот ги мина своите впечатливи години околу „комунистите“, „антиколонијалистите“ и други субверзивни влијанија. Како резултат на тоа, тој не зборува онака како што го правеа тоа Џон Кенеди или Роналд Реган, за величината и исклучителноста на Америка“.
Всушност, тоа беше Реган, а не Обама, кој како момче се приклучи на Обединети светски федералисти, кои сакаа да ги заменат Соединетите држави со светска влада. Реган исто беше лидер на Независниот комитет во Холивуд на независни граѓани од уметностите, науката и професиите (Хиццасп), кој беше под силно влијание на комунистите, и си даде оставка кога комунистите целонсо ја преземаа контролата врз организацијата. Но уште повеќе нешта открива случајот со Кенеди. Ако го примените стандардот кој Џулиани му го прикачува на Обама преку ЏФК, можете лесно да спинувате приказна на субверзивни влиијанија и под знак прашалник да ја ставите лојалноста. Но тој стандард е толку апсурден, што само антикатолички фанатик може да го прифати како убедлив. Денес слично на тоа, само некој кој е фанатично против афроамериканците може да тврди дека Обама не ја сака Америка. Тажна иронија е што човекот кој денес го поттикнува тој фанатизам и самиот е католик.
Џулиани ги наоѓа почетоците на сегашната нелојалност на Обама во формативнота влијание, посебно од афроамериканскиот пријател на дедото на Обама по име Френк Маршал Дејвис, кој во 40-ите години од минатиот век работел со комунистите борејќи се против расизмот. Кога станува збор за американските војни, Џозеф Кенеди постариот не бил баш патриот по мерката на Џулиани. Како што Едвард Ренехан напиша во неговата книга „Кенедиеви во војна“, Џо постариот ја избегна Првата светска војна нарекувајќи ја „игра на морони“. И сторил се што има во својата моќ за да спречи Америка да влезе во Втората светска војна. За време на неговата работа како амбасадор на Америка во Велика Британија во доцните 30-ти, Џо постариот не само што застапувал апетитите на Хитлер, дури и му бил симпатичен. „Исто колку што не сакам тоа да го кажам, сепак Германија навистина го заслужува она што самата го бара“, изјави тој во 1937 година. Следната година тој тајно се сретнал со германскиот амбасадор во Лондон, и го предупредил дека евреите кои сакаат војна влијаат врз Френклин Рузвелт. Постариот брат на ЏФК, Јо помладиот, исто бил вљубен во Хитлер. Хитлеровата „омраза кон евреите“, напишал тој во 1934, „има добра основа“. Во 1939, Џо помладиот патувал во Шпанија за време на Граѓанската војна, и му пишувал писма на татко му кои се исполнети со одушевеност од фашистичката страна. Во 1940, кога нацистичките војнци стигнале скроо до Париз, Џо помладиот бил коосновач на Комитетот против воената интервенција во Европа на Харвард. Такви биле погледите на највлијателните луѓе во младешкиот живот на Џон Ф. Кенеди. За оние кои ги мразат кенедиеви, причината за нивната симпатија кон непријателите на Америка е јасна: католицизмот. На крајот тие забележуваат дека токму ирското потекло на Џо постариот го направило непријателски кон англиската кауза во двете светски војни. И токму католицизмот направи кенедиеви да негуваат симпатии кон Шпанија на Франко. „Дали сакаме ужаснато да бидеме ужасно обвиени од третманот на евреите“, му напишал Џо помладиот на татко му во 1941 година. „Кога кат(олиците) и други биле убивани посурово во Русија и во републиканска Шпанија, а за тоа немало ниту збор од протест“. Со други зборови, ако Џулиани смета дека воспитувањето на Обама е субверзивно, требало да помине еден ден со кенедиеви.
Потоа тука е врската на кенедиеви со „антиколонијализмот“ која била дискутабино посилна отколку таа на Обама. Во 1951 година, 34-годишниот ЏФК патувал во Индија, Пакистан, Израел, Иран, Сингапур, Тајланд, Француска Индокина, Кореја и Јапонија. Кенди по враќањето изјавил: „Ако нешто ми беше здодевно како резултат на моето искуство на Блискиот исток и на далечниот Исток, е сознанието дека комунизмот не може ефикасно да се оствари само со силата на оружјето“. Со влегувањето во Сенатот во 1953, Кенеди на неговите колеги им рекол дека „најважниот тест за надворешната политика на Америка денес е како да се справиме со предизвиците на империјалоизмот“. Не на комунизмот, туку на империјализмот. Тоа се случил токму за време на „стравот од црвените“.
На крајот, иако Џулани тврди дека Кенеди ја прославил Америка а сегашниот претседател не успеал во тоа, Кенеди всушност ги предупедил американците против самоправедноста во услови многу слични на оние кои ги користи Обама. Исто како што Обама ги предупреди христијаните да не заборават на својот капацитет за фанатизам и насилство на Утринскиот појадок на почетокот на месецов, и Кенеди ги предупредил неговите земјаци „да не паднат во иста стапица како советите, да не го гледаат само изобличениот и очаен поглед на другата страна“ во неговот познат говор на Американскиот универзитет од 1963 година.
Дали сето ова само придонесува во недостигот на љубов кон Соединетите држави? Се разбира не. Кенеди често го истакнувал својот патриотизам, исто како и Обама. И без разлика какви идеолошки ереси доживувал ЏФК додека растел, неговите политики, исто како и овие на Обама, чесно се совпаѓаат со мејнстримот во надворешната политика по Втората светска војна.
Само антикатолитичките фанатици можат да тврдат дека Кенеди не бил лојален и сакан Aмериканец. А Руди Џулиани е нивниот идеолошки наследник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст