| четврток, 6 декември 2018 |

Куќата на Фреди Кругер продадена за 2,1 милиона долари

Elm-Street-House

Куќата во Лос Анџелес, која долги години служеше за снимање на култниот филм од 80-тите години „Страв во улицата на брестовите“, е продадена за 2,1 милиона долари. Без разлика на лошата состојба во која се наоѓала и сцените кои се снимале во неа, успеа да постигне завидна цена.

Куќата со големина од околу 250 квадратни метри прва сакала да ја купи Енџи Хил во 2008 година и за неа дала 1,5 милион долари. Изминатите неколку години ја реновирала од темелите до покривот.

– Куќата изгледаше како да поминала низ војна. Сѐ беше уништено, а базенот беше целосно црн – рекла Енџи.

Новиот сопственик, чие име не е објавено, ќе има на располагање три соби за спиење, три бањи и гостинска куќа со соба за спиење и бања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top